Малолетен возач загина во сообраќајка кај Пробиштип

Во тешка сообраќајна незгода животот го загуби тинејџер од Пробиштип.

Младо момче загина кога изгубил контрола над автомобилот  и се превртел на патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Вчера, околу 10 часот, на локалниот пат Пробиштип- село Ратавици кај местото викано Леговец се случила сообраќајна незгода која била фатална за 17-годишниот Александар К. од Пробиштип.

Несреќата се случила кога Александар изгубил контрола над автомобилот „фиат стило“ со штипски регистерски таблички, а потоа се превртел на патот.  Во автомобилот сопатник му бил 18-годишниот М.М.

Александар се здобил со тешки телесни повреди и починал во Кличничкиот центар во Штип, додека сопатникот поминал со телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на трагичната несреќа.