Малолетни крадци ограбувале домови и канцеларии во Центар

Седумчлена група сочинета од малолетници е приведена откако полицијата ги разоткрила дека ограбиле една куќа и 11 канцеларии во центарот на Скопје во изминативе два месеци, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

“Кражбите ги вршеле со употреба на погоден алат (хебла, штрафцигер или метална шипка) со кои делувале на влезна врата или на прозорец, насилно ги отварале и влегувале во објектите од каде одземале пари, техничка стока и прехрамбени производи кои потоа ги продавале на трети лица, а добиените пари ги трошеле за свои потреби. Врз основа на Судски наредби извршени се претреси во нивните домови и помошни простории, при што пронајдени и одземени се дел од предметите кои се пријавени за украдени (пет лап топи, пет куќишта од комјутери, два ЛЦД монитори, еден ЛЦД телевизор, еден ДВД плеер и звучници) и истите ќе бидат вратени на оштетените сопственици“, се вели во информацијата од МВР.

Полицијата група ја поврзува и со пет кражби на автомобили, а ја проверува и нивната вмешаност во други кражби во Скопје.