Малолетни кумановци претепале и ограбиле сограѓанин

Кривична пријава е поднесена против три лица на возраст од 16 години и едно лице на возраст од 17 години сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнпо дело „насилство“.

Како што информираат од МВР, на 28.04.2015 година во Куманово на ул. Србо Томовиќ“ пријавените без повод и причина со употреба на физичка сила го нападнале П.Т.(22) од Куманово, нанесувајќи му видливи повреди.

Четврто пријавениот му го одзел мобилниот телефон кој му паднал на земјата.