Малолетни разбојници напаѓаат во Скопје, ограбено момче во ГТЦ

Скопјанец М.А. (22) од Скопје бил нападнат вчера околу 12.15 часот, во тоалет во Градскиот трговски центар од неколку непознати лица извршиле разбојништво над него. Тие му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале.
По кратко време, во врска со настанот, во полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години).

По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период.