Малолетничка прободена со нож кај Мавровка

Шестнаесетгодишна девојка вчера беше прободено со нож во близина на трговскиот центар Мавровка.

Таа се здобила со повредна на левата натколеница.

Инцидентот се случил на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ попладнето кога поради претходна расправија, 14-годишник со нож ја пробол 16-годишната девојка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Девојката била пренесена во Градската болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Напаѓачот е приведен, со него бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.