Малолетничка сексуално нападната кај Кондово

Малолетничка од скопско Кондово вчера била сексуално нападната од страна на дваесет и деветгодишно момче од Шутка.

Таткото на седумнаесетгодишната девојка вчера во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека неговата ќерка, враќајќи се од улилишште на патот према с.Кондово била нападната од момче кое возело „ауди“ со скопски таблички. Тој започнал да и довикува да влезе во автомобилот, а откако таа не го послушала, и го попречил патот со возилото и насилно ја внел на совозачкото седиште. Потоа истиот се упатил према мостот на реката Вардар во с.Сарај, при што запрел и започнал да ја допира малолетничката по градите и телото, бидејќи истата давала отпор и се бранела  ја удрил и ја префрлил на задното седиште од возилото и се упатил кон с. Кондово. За среќа, возилото било пресретнато и сопрено од страна на полицијата.

Во полициската станица Ѓорче Петров било утврдено дека напаѓачот е Б.Џ.(29) од населба Шуто Оризари, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе биде поденсен соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.