Малолетнички во Скопје биле заробени и принудувани на проституција

Две лица се приведени од мобилната единица „Алфа“ бидејќи во заробеништво цели три месеци држеле три малолетни девојчиња од кои најмалато имало 14 години, пренесува телевизија Алфа.

Девојчињата ги држеле во куќа, во скопската населба Шутка, а според неофицијални информации куќата била сопственост на вујко на еден од осомничените. Малолетничките, осомничените физички и психички ги малтретирале, а ги терале и да се проституираат во куќата или пак ги ваделе надвор во зависнот од тоа како сакал муштеријата.

Ова страшно злосторство било откриено викендов кога едно од девојчињата успеало да стигне до мобилен телефон и да пријави за хоророт што го доживувале секојдневно.

Од МВР за Алфа го потврдиле случајот и повеќе детали најавуваат за утре.