Малолетничките кои побегнаа во Сирија се бремени и сакаат дома

Самра Кесиновиќ и Сабина Селимовиќ од БиХ, кои заминаа да војуваат од страна на џихадистите во Сирија сега се бремени и сакаат да се вратат кај своите родители.

17-годишната Самра и 15-годишната Сабина очекуваат бебе, па сакаат да си дојдат дома, а, најверојатно веќе ги контактирале родителите. Министерството ќе ја разгледа можноста малолетничките кои побегнаа да се вратат во својата земја, пишува Дневни аваз.

Инаку, двете избегаа пред неколку години и оставија порака „не не барајте, добро сме“.