Малолетници добиле пари за да го претепаат Аца Лукас

Познатиот српски пејач, Александар Вуксановиќ алијас Аца Лукас, во полициска станица во Белград пријавил дека се подготвува физички напад врз него. Според неговите тврдења, неколку платеници планираат физички да го нападнат, па поради тоа се одлучил да побара полициска заштита бидејќи стравувал најмногу за безбедноста на своето семејство, пишува српкиот весник „Ало“, пренесува Нетпрес.

„Во полициска станица Лукас дошол околу пладне, вчера, и задржал два часа. Давал исказ за нарачателите на нападот и за причините за истиот. Во последно време тој во повеќе наврати беше прозван преку медиумите, но тој не одговараше на тоа. Откако реши да почне да зборува во јавноста, одредени лица наводно нарачале физички напад врз него. Познатиот пејач на полицајците им рекол дека стравува најмногу за својата сопруга и за децата, и побарал полициска заштита“, се наведува во текстот.

За весникот „Ало“, Лукас дал изјава веднаш откако излегол од полициска станица.

„Со оглед на тоа дека добив сознанија дека сум загрозен и јас и моето семејство,  бев повикан во полиција да дадам исказ во врска со тоа. Верувам во оваа држава и во спроведувањето на законите, па затоа и побарав полициска заштита. Знам за какви луѓе станува збор. Најмногу стравувам за безбедноста на мојата сопруга и на моите деца. Имам сознанија, а тие информации ги има и полицијата, односно дека малолетници однапред добиле пари за да извршат физички напад врз мене, а по налог и финансирање на луѓе со кои веќе подолго време сум во конфликт и кои сакаат да ме оцрнат, да ја уништат мојата егзистеницја, мојата кариера, мене лично и мојот живот. Со оглед на тоа дека станува збор за една многу влијателна личност, која се бави и со политика, и едно друго лице кое е дел од подземјето, а се претставува како бизнисмен, навистина е многу исправно што постапив на овој начин, оти верувам во државата и во полициските органи и знам дека ќе ме заштитат исто како што би го заштитиле и секој друг граѓанин на оваа земја, од вакви напасници и рекетари“, рекол Лукас за весникот.