сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Малолетници каменувале воз на релација Велес – Скопје

Неколку малолетници вчера го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Велес - Скопје. 

каменувале

Поврзани вести

Како што соопшти МВР, каменувањето се случило во 15.10 часот на дел од пругата помеѓу железничките станици Драчево и Лисиче.

Од каменувањето биле искршени две неподвижни прозорски стакла, сопственост на Македонски железници, но притоа немало повредени патници.

Возот го продолжил патувањето до Железничката станица-Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчитување на случајот.

Најчитани вести