Македонија,Крими хроника

Малолетници каменувале возови во Сарај

Малолетници каменувале возови во Сарај

Вчера околу 14 часот на железничката станица во Радуша извршено е каменување на патнички воз.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, група од 1о до 15 малолетници го каменувале возот кој сообраќал на линијата Кичево-Скопје.

Во инцидентот повредени патници нема, а причинета е само материјална штета, односно скршено е едно неподвижно прозорско стакло од купе.