вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 13

Малолетници нападнале две момчиња на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“

полиција

Последни вести

Две малолетни лица од Скопје синоќа физички биле нападнати од група од 10 непознати малолетни лица на паркинг простор на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“.

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22 часот двајцата малолетници на 15 и 16-годишна возраст од Скопје пријавиле дека во 19:25 часот на паркинг простор на бул.„К.Ј-Питу“ без повод и причина биле физички нападнати од група од околу 10 непознати малолетни лица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести