Малолетници ограбиле девојка на Партизанска

Дваесет и четиригодишната Н.П. од Виница вчера пријавила дека биле ограбена од двајца малолетници на булеварот „Партизански одреди“.

Крадците биле на возраст од околу 14-15 години и од неа украле мобилен телефон со што и е причинета материјална штета од околу 12.000 денари.

Едното лице и се приближило од левата страна и и побарало пари, додека другото лице се доближило и насилно со протнување на раката во десниот џеб од јакната на Н.П. го одзело телефон, по што двете лица избегале во непознат правец.

По преземени мерки малолетните лица се пронајдени и телефонот е вратен на оштетената.