Малолетници претепани кај Бит Пазар

Нов инцидент во автобусите на ЈСП се случил синоќа во Скопје. Според податоците од полицијата, во 18.35 часот, било пријавено дека во Бит Пазар,  од страна на 10 до 15 непознати лица, ученици во Средното Училиште „Владо Тасевски“, се симнале од автобус број 50 и нападнале двајца седумнаесетгодишни ученици од  истото училиште.

Од страна на лекар кај двајцата малолетници биле констатирани телесни повреди. Едниот од нив ќе биде задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.