Малолетници силувале момче во Тетово

Кривично ќе одговара заповедникот во велешкото одделение на Воспитно поправниот дом Тетово.

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против него оти го премолчил силувањето на малолетник во мај минатата година.

Според обвинителниот предлог, заповедникот во велешкиот затвор иако добил известување дека еден од малолетниците бил силуван од свои врсници, случајот не го пријавил до надлежните институции.

Случајот со силување на малолетник во велешкото одделение на воспитно поправниот дом Тетово, во јавноста излезе во септември лани.

16- годишно момче било силувано од четворица врсници. Тоа иако побарало помош, надлежните не превзеле ништо.

Неколку недели подоцна момчето успеало да го алрмира народниот правобранител по што случајот е пријавен во полиција.

По само неколку месеци од првиот инцидент, во велешкиот затвор беше регистрирано уште едно силување. Тогаш надлежните ги превзеле сите потребни мерки за расветлување на случајот..

Инаку од велешкото јавно обвинителство велат кривично ќе одговараат и децата кои ги сториле двете силувања. Поднесено е барање за постапка пред судија за малолетници.