Малолетници со штрафцигер провалувале во автомобили

Триесетдневен притвор им е одреден на две малолетни лица од Скопје М.Р. (15) и Е.Р. (16) поради основано сомнение за сторени вкупно 22 кривични дела и тоа осум „тешки кражби“, 13 – „тешки кражби во обид“ и една – „кражба во обид“ .

Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец во доцните вечерни часови на подрачјето на скопската општина Центар и тоа: 13 – на ул. 50-та Дивизија, три дела на ул. Отон Жупанчиќ и по две на улиците  Јордан Мијалков,  Коле Неделковски и 8-ма Ударна Бригада.

Од МВР информираат дека во 13 случаи пријавените кривичните дела ги извршиле на тој начин што откако ќе се осигурале дека нема да бидат забележани од никого се доближувале до влезната врата од зграда каде што М.Р. со употреба на погоден предмет (штрафцигер) и физичка сила истата ја отворал и двајцата влегувале внатре. Потоа по скалите слегувале во подземна гаража на паркираните патнички моторни возила. Таму првопријавениот Рамо со употреба на штрафцигер делувал помеѓу рамот и стаклото на една од вратите, го кршел стаклото, правел отвор по целата површина и со протнување влегувал во возилото каде извршилувал само пребарување и претурање (од непознати причини се откажувал од намерата и не одземал ништо), а потоа без да бидат забележани двајцата го напуштале лице местото и се упатувале кон соседната зграда.

Од друга страна, во девет случаи кривичните дела ги извршиле на тој начин што откако ќе се осигурале дека нема да бидат забележани од никого се доближувале до влезна врата од подземни гаражи, со употреба на погоден предмет и физичка сила истата ја поткревале и со протнување влегувале во гаражата каде М.Р., со употреба на штрафцигер делувал помеѓу рамот и стаклото на вратите од паркираните патнички моторни возила, го кршел стаклото и правел отвор по целата површина по што со протнување влегувал во возилото, вршел пребарување и претурање и од осум возила одземал пари, ЦД-иња, рачни ножеви, навигациски уред и други ситни предмети (со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од 21,200 денари), а потоа без да бидат забележани од никого го напуштале лице местото и се упатувале се кон соседните згради.

На 24. минатиот месец во ПС ОН Центар, извршен е службен разговор со пријавените во кој истите го појасниле начинот, местото и времето на извршување на кривичните дела, а со потврда за привремено одземени предмети од М.Р. одземен е штрафцигерот со кој ги извршувал наведените кривични дела, како и еден ранец во кој ги носел украдените предмети како и  еден навигационен уред кој е вратен на сопственикот оштетениот. Инаку во изминатиот период, односно во текот на минатата година, против М.Р. поднесени се две кривични пријави кои се однесуваат на кривични дела од областа имотните деликти  (тешки кражби).