Малолетници украле телевизор од куќа во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишно и 12-годишно дете за сторено разбојништво.

На 20. овој месец пријавените насилно влегле во дворот од куќа на ул. „Славеј Планина“ во Скопје и преку незаклучена влезна врата се упатиле во дневната соба, каде со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над сопственичката. Откако сопственичката им кажала дека нема пари од комодата одзеле телевизор со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари.