Малолетници затруени од енергетски пијалок

енергетски

Вчера во 17:01 часот од Детска клиника при Клинички центар-Мајка Тереза во полиција било пријавено дека кај нив биле донесени тројца малолетници, двајца на возраст од 12 и еден на 11 години, сите од Скопје, кои биле затруени од енергетски пијалок „Симбо“, кој го купиле во трговскиот комплекс „Радишани“.

Со возило на итна медицинска помош децата биле пренесени во Детската клиника, каде било констатирано труење.

За настанот биле известени ОМД-Чаир и Агенцијата за храна и ветеринарство. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.