Малолетничка со „Ауди“ направила сообраќајка, тројца повредени

свр

-Во несреќата, возачот на „Аудито“ и две сопатнички во возилото од Тетово на возраст од 17 и 18 години се здобиле со полесни повреди и со медицинско возило пренесени се и задржани за натамошно лекување во тетовската клиничка болница, додека третиот сопатник (18-годишен) поминал без повреди, информираат од СВР Тетово.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и се друго. Првично, причина е неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење, додека вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари.

Портаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека во тетовско-гостиварскиот регион во изминатите девет месеци откриени се близу 1500 лица кои управувале моторни возила без возачка дозвола, неретко и малолетници. Само овој месец, заклучно со денешниот ден во тетовско откриени се 180 лица кои управувале возила без дозвола. Дел од нив се откриени како управуваат такси возила, минибуси, комбиња за превоз на патници, па дури и автобуси.

Јосифоски додава дека и во идниот период, како и досега, ќе продолжат со засилени контроли во овој регион се со цел санкционирање на овие возачи и зголемување на безбедноста во сообраќајот.