понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 9

Малолетничка од Битола полово нападната

силување

Последни вести

Седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј., било пресретнато од В.К. (46) вчера околу 12 часот на улицата „Битра“ во Битола.

Тој застанал пред малолетничката и со рака ја фатил во пределот на градите.

Другарот на девојчето со раце го отурнал В.К., кој извадил синџир и го удрил Д.Ј. во пределот на главата. Потоа уште неколку пати го удрил девојчето во пределот на раката и лицето, а исто така, уште неколку пати го удрил Д.Ј.

По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од ПС-Битола, В.К. е пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најчитани вести