Малолетничка повредена по пад од мотор

Малолетничка од Охрид била тешко повредена откако паднала од мотор, вчера во Охрид, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 16.45 часот на улицата Сирма Војвода.

Тогаш 15 годишно девојче од Охрид, управувајќи мопед „Ханг лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола над мопедот и со истиот се излизгалo по коловозот. Од падот девојчето добила тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.