Крими хроника

Малолетничка се затрула со седативи

Малолетничка се затрула со седативи

Тринаесет годишно девојче од Гостивар ноќеска околу 2:45 часот побарало помош во Ургентниот центар во гостиварклата болница откако се затрула со таблети.

Од СВР Тетово информираат дека таа се затрула со 8-9 таблети седативи, наводно мислејќи дека станува збор за други средства.

Во болницата дошла со нејзините најблиски, а по укажаната помош, пуштена е на домашно лекување.

Се расветлуваат сите поединости поврзани со овој случај.