Малолетничка уценувана од соученик со фотографии

Родители на малолетна девојка во полицијата пријавиле дека ќерката им била цел на уцени на нејзин сооченик со компромитирачки фотографии.

Во вторникот вечерта Л.А. пријавила дека на 4-ти месецов околу 2 часот нејзината малолетна ќерка и кажала дека нејзин соученик ја уценувал со фотографии кои ги направила во текот на 2016 година додека имала 13 години.

Истите пред околу една година му ги испратила на нејзин пријател со кого учела во основно училиште.

 Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.