четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Малолетник со автомобил покоси пет пешаци

До незгодата дошло кога 17-годишно момче кое управувало со автомобил „сузуки игнис“ во еден момент изгубил контрола над возилото, се качило на тротоарот и удрил во група девојчиња кои се враќале од средното училиште.

soobrakajka

Последни вести

Страотната сообраќајна несреќа се случила недалеку од основното училиште во Бор. Според соопштението на српското МВР малолетникот со возило покосил пет пешаци, меѓу кои и две деца.

Повредените се примени во болницата во Бор.

До незгодата дошло кога 17-годишно момче кое управувало со автомобил „сузуки игнис“ во еден момент изгубил контрола над возилото, се качило на тротоарот и удрил во група девојчиња кои се враќале од средното училиште.

-Се се одигра во секунда. Кога ги удри останаа да лежат на тротоарот. Се слушнаа вресоци. Возачот почна на бега и премина на спротивната страна на коловозот, вели очевидец.

Во тој момент за малку ќе дошло до друга сообраќајка зошто момчето ќе удрело во друго возило чиј возач брзо реагирал и се качил на земјениот насип покрај патот.

На самото место дошла полиција и брза помош.

Набрзо на самото место се вратило момчето што удрило во девојките и тоа во придружба на таткото.

Рекол дека изгубил контрола на возилото, удрил во девојките и потоа се исплашил и побегнал. Зел возачка дозвола пред 6 месеци.

Повредените девојки се вон животна опасност. Против малолетникот зад волан ќе биде поднесена кривична пријава.

Најчитани вести