Малолетник тешко повреден во сообраќајка

Седумнаесет годишно момче е тешко повредено и задржано на лекување на Клиниката за неврологија по сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот меѓу кичевските села Нивичани и Пантелеј.

Имено, до сообраќајката дошло при судир на „Форд Фокус“, управувано од Д.К.(28) од Кочани и мопед – непозната марка, управуван од 17 годишното момче од Нивичани.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кочани.