недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Mалолетник избоден со нож во струшко

По преземените мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21.00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел убодна рана на шеснаесетгодишник од с.Мислодежда.

Noz500

Последни вести

Вчеравечер во 21.50 часот од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив било донесено лице со повреда во пределот на слабината, нанесена од остар предмет со длабочина од 1 см и ширина од 2 см. На лицето му била укажана медицинска помош и истото ќе биде задржано за натамошно следење на неговата здравствена состојба.

По преземените мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21.00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел убодна рана на шеснаесетгодишник од с.Мислодежда.

Од тринаесетгодишниот малолетник со потврда било одземено џебно ноже за понатамошна постапка.

По целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најчитани вести