Малолетник избоден со нож во центарот на Скопје

Седумнаесетгодишник денеска напладне бил избоден со нож на автобуска постојка во центарот на Скопје, соопшти полицијата.

Според првичните информации на МВР, З.Т. роден 2001 година, денеска во околу 12,40 часот бил избоден со нож на автобуската постојка „Рекорд“. Момчето било нападнато од две лица, засега непознати лица, и прободено со остар предмет во пределот на стомакот.

Со возило на Итна медицинска помош тинејџерот бил префрлен во ГОБ „Свети Наум Охридски“.

Од МВР соопштуваат дека се работи на расчистување на случајот.