Малолетник крвнички претепан во автобус на ЈСП

Малолетник бил претепан од неколку лица пред околу еден час во автобус на ЈСП со број 2 на булеварот „Партизански одреди“.

Момчето побарало помош во Ургентниот центар.Има повреди во пределот на главата, но е во свесна состојба.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека повеќе детали за инцидентот ќе има во текот на денот.