Малолетник незаконски ловел риба во Охридско езеро

Малолетник вчера бил фатен како незаконски лови риба во водите на Охрдиското езеро на околу дваесетина метри од брегот.

Малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор и одземени му се подводната пушка, елек и одело како и други предмети за нуркање.

Во изминатиот период во две акции полициски службеници пронајдоа и одзедоа над 20 рибарски мрежи и околу 50 килограми разновидна риба.

Согласно законот за рибарство и аквакултура, против неколку лица поднесени се прекршочни пријави.