Малолетник од Битола прободен со нож

Четиринаесетгодишно момче во понеделникот вечерта бил донесен во болница со повреда од нож во пределот на стомакот.

Се работи за телесна повреда во пределот над стомакот при што не биле повредени внатрешни органи.

Малолетникот бил задржан на натамошно лекување. Момчето било прободено со нож од непознат сторител на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола, информираат од полицијата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.