Малолетник од Битола се самоповредил со нож

битола

Момчето скокнало со грбот на креветот, на кој според негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење.

Веднаш потоа со такси возило бил однесен во Клиничката болница во Битола каде што му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.