Малолетник од Скопје нападнат со чекан и ограбен

Шеснаесетгодишник од Скопје е нападнат со чекан и ограбен синоќа во 18:45 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, засега непознат сторител со сериозна закана со чекан на малолетникот му одзел мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.