Малолетник „оперирал“ по џебовите на граѓани низ Центар

Петнаесетгодишниот А.Ќ. доби кривична пријава и е осомничен дека два пати извршил џебна кражба и се стекнал со противправна имотна корист од 55. 000 денари.

Пријавениот едната кражба ја извршил на 19, а втората на 24 минатиот месец на територија на општина Центар.

Првиот пат го искористил невниманието на оштетениот и од чантата му украл 2.000 денари и лични документи. Откако бил фатен од обезбедувањето на ГТЦ тој бил однесен во полиција. Таму во присуство на родител го појаснил начинот на извршување на кражбата. По враќањето на украдените работи на оштетениот малолетниот бил ослободен.

Но, тој продолжил со извршување кривични дела. Втората кражба ја изврил на плоштадот Македонија.

Го искористил невниманието на оштетениот и од џебот му украл 1.000 американски долари. Оттаму се упатил во Жена парк каде парите ги поделил со својот брат и неговата другарка. Тие парите ги искористиле за лични потреби.

Откако бил фатен од страна на полицијата и приведен во станица тој повторно во присуство на родител  објаснил како ја извел кражбата. Оштетениот го идентификувал малолетникот дека тој е сторителот, по што на петнаесетгодишникот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.