Малолетник полово нападнат кај основното училиште во Припор

Шеснаесетгодишно момче било полово нападнато зад основното училиште „Круме Кепески“ во скопски Припор.

Според информациите во полицискиот билтен вчера утрината Љ.К. пријавила дека три дена претходно (на 25-ти месецов) во вечерните часови врз нејзиниот 16-годишен син бил извршен полов напад од непознато машко лице. Непознатото лице го фатило детето и го однело позади основното училиште „Круме Кепески“, каде го извршил делото.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.