Малолетник повреден откако излетал од пат со автомобил

Седумнаесет годишно момче е повредено денеска околу еден часот на aвтопатот А1 „Д.Капија – Неготино“ во близина на селото Тремник, соопшти полицијата.

Како што информират од полицијата патнички автомобил со неготинска регистарска ознака управуван од малолетникот удрил во еластична ограда и излегол надвор од патот. Притоа, 17 годишниот возач добил телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино.

По овластување од ОЈО, увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Неготино, информираат од полицијата.