Малолетник претепан откако остварил добивка во казино

Малолетник нападнат во саботата вечерта откако во остварил добивка во казиното „Адмирал“ во трговскиот центар Мавровка.

Седумнаесетгодишниот Е.О., кој бил добитник на одредена парична добивка од  автоматите на игри на среќа,  побарал да му бидат исплатени паричните стредства од вработеното лице, со забелешка дека лицето што е вработено како обезбедување да се оддалечи од касата, а откако Е.О. ги зел пари тргнал да си оди. По ова, од страна на непознато лице истиот бил физички нападнат, по што му биле нанесени телесни повреди. Оштетениот самиот се пријавил во Ургентен центар Скопје, каде му била констатирана тешка телесна повреда-фрактура на вилица и задржан на лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.