Македонија

Малолетник прободе со нож момче од Тетово

Малолетник прободе со нож момче од Тетово

Малолетник вчера со нож прободел дваесет и двегодишно момче на улицата ЈНА во Тетово.

По претходна расправија петнаесетгодишниот  Ј.С. од Тетово со нож го повредил дваесет и двегодишниот С.С. од село Порој, тетовско при што му нанел неколку убодни рани. Поради карактерот на повредите повредениот од Клинички центар Тетово бил препратен во Ургентен центар Скопје.

По преземени мерки обавен е разговор со Ј.С. во присуство на родител при што со потврда за привремено одземени предмети одземен му бил нож.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.