Малолетник прободен со нож во Тетово

Еден малолетник е прободен со нож при тепачка во Тетово. Вчера околу 19 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, поради нарушени меѓусебни односи, се степале двајца малолетници од Тетово, на возраст од 16 и 17 години

Во тепачката, 16 -годишникот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на 17-годишникот. Потоа напаѓачот побегнал, а повредениот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Во присуство на родител, 16- годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот.

СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.