Малолетник со „ауди“ усмрти пешак

Околу 14,30 часот во понеделникот на улицата „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка 16-годишник управувајќи автомобил „ауди А3“ со скопски регистерски таблички удрил во пешакот 44-годишниот Н.И.

Од ударот Н.И. починала на лице место.