Малолетник со пиштол му се заканувал на соученик

Десетгодишен ученик завчера во дворот на основното училиште Гоце Делчев во Тетово бил нападнат од група ученици, од кои едниот имал и пиштол.

К.З.(37) од село Порој пријавил дека завчера околу 18,00 часот во дворот на училиштето додека неговиот десетгодишен син излегол му се приближил тринаесетгодишен ученик од истото училиште, кој бил заедно со уште неколку други ученици при што од џебот извадил и му вперил пиштол во главата и со цевката го удрил по лицето и заминал.

По превземените мерки и активности од страна на полицијата повикан е тринаесетгодишниот ученик со кого е разговарано во присуство на родител и од истиот одземен е пиштол „Зброевка“.

Исто така во полициската станица повикана е и дванаесетгодишна ученичка од друго училиште, разговарано е и со неа и во координација со јавен обвинител се превземаат активности за расветлување на сите поединости околу тоа чиј е  пиштолот и како истиот се нашол кај малолетникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.