Малолетно девојче и момче нападнати од кучиња во центарот на Скопје

Две лица, малолетно девојче и 24-годишно момче,  биле каснати од кучиња во текот на минатите два дена во општина Центар.

Вчера во 21 часот 44 годишниот Д.Б. во Полициската станица Центар пријавил дека истиот ден во 17:30 часот на улица „Караорман“ неговата малолетна ќерка била нападната од две кучиња кои ја гризеле во пределот на десната надколеница. Како што пријавил таткото кучињата биле сопственост на двајца соседи од истата улица.

Другиот инцидент бил пријавен во Полициската станица Центар во текот на вчерашниот ден во 01:40. 24 годишниот Д.Т. пријавил дека на 05.06.2018 година во 23:10 на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, додека се движел пеш, бил каснат од куче-скитник во пределот на левата потколеница

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.