Мамо на умирање сум не се враќам дома!

Синоќа во полициската станица Гостивар, Д.А. пријавила дека пред два дена од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син М.М.(27).

Пријавителката посочила дека на 1 ноември околу 19 часот го побарала на телефон и тој и рекол дека нема да си дојде дома и дека бил на умирање.

По телефонскиот разговор бил недостапен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.