Мамо спаси ме: Потресна изповест на девојката што со момчето се придружила на ИД (видео)

Мамо, те молам спаси ме. Неможам веќе, ќе умрам овде или од бомбите или ќе ме претепаат до смрт. Ова е смс пораката што 15-годишната девојка и ја пратила на мајка и’, откако со нејзиното момче заминала во Ирак за да се придружат на ИД.

Марлин Стефани Навалаинен (15) од Шведска проговри за нејзиното искуство со Исламската држава на чии што редови им се придружила заедно со нејзиното момче Моктар Мохамед Ахмед (19).

Отидов со него затоа што бев вљубена. Незнаев што е ИД, ниту што е ислам, рекла Марлин што минатата недела беше спасена од страна на курдските специјалци.

Иако тврди дека не знаела ништо за таа терористичка група, таа заедно со нејзиното момче додека била бремена поминала низ осум земји за да стигнат до нивната цел – Мосул во Ирак.

Властите во курдската провинција во Ирак соопштија дека нивните борци спасиле тинејџерка од Шведка од заробеништво во ИД во близина на градот Мосул, што ја контролираат џихадистите.

Марлин Стефани Невалаинен за прв пат била спасена од курдските сили при крајот на октомври, но таа побегнала од нив и му се вратила на момчето, а по неколку дена подоцна родила машко дете, пишуваат шведските медиуми.

Таа за прв пат за се проговори минатата недела, откако на 170ти февруари повторно била спасена од Курдите. За „ТВ Курдистан 24“ таа рекла дека го запознала своето момче кон средината на 2014-тата година.

Прво ни беше добро заедно, но потоа почна да гледа видео снимки од ИД и постојано да говори за нив. Тогаш ми рече дека сака да оди во ИД, а јас прифатив, затоа што незнаев што значи тоа, ниту знаев било што за исламот, изјави Марлин.

Нејзиното исчезнување во јуни истовремено биле пријавени и од страна на нејзиното билошко семејство и од старателите, наведуваат шведските медиуми.

Според нивните информации, Марлин и Моктар имале традиционална муслиманска венчавка на почетокот на 2015-тата во Стокхолм.

Девојката  во интервјуто открила дека во Сирија заминала без пасош, криејќи се во возовите. Рекла дека влегла во воз во Шведска, апотоа преку Данска, Унгарија и словачка стасала до Србија, од каде со сопругот пешачела до Бугарија, каде со сопругот се качиле на автобус до турската граница. Во Сирија влегле преку Турција.

Тогаш ИД не стави во автобус заедно со уште некои жени и мажи и не однесоа во Мосул, по што добив своја куќа. Тогаш немавме ништо, ниту струја, ниту вода и беше сосема поинаку од мојот живот во Шведка. Немав пари и беше навистина тешко… Затоа, кога добив мобилен телефон почнав да контактирам со мајка ми и и’ реков дека сакам да се вратам дома, вели таа.

Шведскиот весник „Дагенс Ниетер“ ја објави содржината на пораките што Марлин и ги праќала на мајка и многу брзо по бегството во јуни минатата година, наведувајќи дека таа во меѓувреме се породила и тоа само неколку дена откако пропаднал првиот обид за нејзиното спасување.

Мамо, те молам спаси ме. Неможам веќе, ќе умрам овде или од бомбите или ќе ме претепаат до смрт, и напишала таа на мајка и додавајќи дека ќе изврши самоубиство ако некој не ја спаси од Ирак.

Таа и пишувала кришум, а еднаш успеала и да ја повика. На мајка и’ и раскажала дека животот во Ирак е тежок и дека живее во куќа без струја, храна и пари и дека нејзиното момче ја третира се полошо.

Вели дека ќе ме исфрли на улица кога ќе се роди детето и дека ќе се ожени со друга девојка што ќе му биде мајка на бебето, напишала таа тогаш.

По спасувањето се појави видео што го снимил Моктар. Во него им порачал на родителите на 15-годишното девојче дека никогаш нема да им го врати „нивното девојче“. Тој меѓу другото ја критикувал и Шведска и рекол дека Марлин Стефани Невалаинен си заминала затоа што нејзината земја е полна со расисти.

Видеото го заклучил со зборовите: „Фала му на Бога, борбата само што започна“.

Девојчето сега тврди дека нејзиното момче ја натерало да побегне од дома и дека таа никогаш не сакала да оди. Моктар подоцна наводно бил убиен во напад на руските сили.

Курдскиот национален совет за безбедност ја известил дека напомош биле повикани од страна на шведските власти и од семејството на девојчето, за да помогнат во лоцирањето и спасувањето на младата Марлин. Девојката моментално се наоѓа во Курдистан и ќе им биде предадена на шведските власти за да се врати дома.