МАН до Спасовски: Очекуваме расветлување на сите случаи во кои има насилство врз новинари

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во најкус можен период да ги расветли сите случаи во кои има насилство, закани и напади врз новинари.

Од МАН преку писмено соопштение упатија барање до министерот Спасовски во накјус можен рок да ги расветли следниве случаи и да ги санкцинира виновниците на:

  •  нападот врз екипата на Сител, од митингот на СДСМ пред Собранието на РМ во мај годинава, каде Ивона Талевска и снимателите завршија со видливи физички повреди на Клинички центар,
  •  нападот врз новинарот и уредник на Нетпрес, Дејан Николовски од Стојанче Ангелов,
  •  физички или вербални напади врз водителите Јанко Илковски и Антонио Димитриевски,
  •  заканите и навредите од СДСМ кон новинарот на Сител, Љупчо Златев,
  •  заканите по живот врз уредниците на Сител и весникот Вечер,
  •  упадите во програмата на национална телевизија Канал 5 од хулигани кои себеси се нарекуваат новинари,
  •  нападот врз Јанко Илковски од Сител од лице кое себеси се нарекува новинар, а припаѓа на групата уличари финансирани од СДСМ,
  •  упадите и кршењето во Радио Слободна Македонија,
  •  упадот и кршењето во неделникот Република,
  •  физичкиот напад со шипка, навредите и заканите за физичко насилство врз Бобан Нонковиќ од активисти на невладиниот сектор финансиран од Сорос, поточно Петрит Сарачини од МИМ, а сега одговорен уредник во ТВ21
  •  заканите по живот за новинарите од редакцијата на Курир од активисти на СДСМ кои објавуваа фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се закануваа со физичко насилство врз новинари од порталот,
  •  прислушувањето и објавување на монтирани снимки од истите на сопственици, уредници и новинари од Канал 5, Сител, Вечер.

Од МАН, потенцираат дека очекуваат министерот Спасовски да ги расчисти сите случаи на насилство врз новинари.

Очекуваат, како што велат, министерот Спасовски како првоодговорен за работењето на МВР да ја заврши својата законска обврска за која е избран на таа функција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.