МАН ги осуди денешните напади врз новинари

Македонската асоцијација на новинари испрати реакција во која ги осуди денешните напади врз новинарите Илковски и Димитриевски.

Соопштението ви го пренесуваме во целост

„Македонската асоцијација на новинари најостро го осудува инцидентот пред куќата на новинарот Јанко Илковски, како и физичкиот напад врз новинарот Антонио Димитриевски пред неговото работно место.

МАН смета дека никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа, особено не на ваков начин и со инволвирање на најблиските од семејството.

МАН  апелира разликите да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и насилсатво врз новинарите и нивните семејства.

МАН смета дека е ова резултат на агресивната политика за која се залага раководството на СДСМ.

МАН бара надлежните најостро да ги казнат сторителите“.