сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 20

МАН го осуди нападот врз новинарот Павле Беловски

МАН бара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела.

man

Последни вести

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува последниот инцидент што се случи пред Министерството за внатрешни работи, во кој физички беше нападнат новинарот Павле Беловски од телевизија „Телма”.

МАН бара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела.

И досега се случувало физички да бидат напаѓани новинари, што е дополнителна причина да бараме расветлување на сите без исклучок.

Најчитани вести