МАН ја поздравува одлуката за условен отпуст на Кежаровски

Македонската асоција на новинари (МАН) ја поздравува одлуката новинарот Томислав Кежаровски да биде на условен отпуст, односно да биде ослободен од издржување на казната.

МАН смета дека ова е само еден чекор напред и оти единствено прифатливо е ослободителна одлука.

МАН смета дека секоја казна за вршење на новинарска работа е излишна. Секој новинар треба да има услови за професионално извршување на своите работни задачи.