МАН: Македонија со ограничување на текстовите со критика кон Бугарија ја ограничува слободата на новинарството

Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека со тоа што Македонија презема обврски за ограничувањата на текстови со критики кон Бугарија се прави ограничување на слободата на новинарството.

Демократска држава како Холандија, Италија или САД никогаш не би ни помислила да побара од друга држава да им наметне и нареди на новинарите што да пишуваат за неа, ниту постои друга држава во светов која прифатла ваков услов од Бугарија, новинари да не спомнуваат бугарски теми во критички контекст, стои во соопштението од МАН.