МАН: МВР да преземе активности против насилниците што ги попречуваат новинарите да работат

Македонската асоцијација на новинари остро го осудува инцидентот пред резиденцијата на Европската унија меѓу новинарот Александар Спасовски и Саше Ивановски.

-Лицето Саше Ивановски вчера ја попречуваше работата на новинарот Александар Спасовски кој беше на професионална задача да известува од преговорите меѓу македонските лидери и меѓународните претставници за надминување на политичката криза. Воедно попречувањето во работата на новинарот Спасовски е и упад во програмата на телевизија Сител, се вели во соопштението на МАН.

МАН потенцира дека Александар Спасовски е новинар кој беше на должност, а лицето Саше Ивановски не е новинар.

-Лицето Саше Ивановски повеќе пати досега ја попречува работата на новинарите, медиумите, како и воопшто настаните наменети за јавноста,укажува МАН. МАН очекува Министерството за внатрешни работи да преземе мерки против ваквите насилници кои го оневозможуваат новинарите во извршување на работата.

МАН повеќе пати обрнуваа внимание дела лицето Саше Ивановски повеќе пати попречува, провоцира и навредува новинари додека се на должност.

-Напоменуваме дека на местото на настанот имало припадници на полицијата и доколку си ја вршеле работата немало да дојде до инцидентот, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.