Ман остро го осуди нападот врз новинарската екипа на Сител

МАН остро го осудува нападот врз главниот и одговерен уредник на Вечер, и заменик-главен уредник на телевизија Сител, Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата, од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието. Ваквите напади се дел од стратегијата на СДСМ за насилство кон сите кои имаат различно мислење од нив.

МАН апелира да прекинат заканите, насилството врз новинарите и категорично укажува дека никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршењето на својата работа.

МАН уште еднаш посочува дека разликите треба да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и физичко насилство врз претставниците на медиумите.

МАН бара надлежните најостро да ги казнат сторителите.